Светлана Цеца Ражњатовиќ (47) ужива во љубовта со девет години помладиот Богдан Срејовиќ (38), а српските медиуми постојано објавуваат нови досега невидени фотографии од најозборуваната двојка во моментов на тамошната естрада.
На последната слика која се прошири на социјалните мрежи, српската фолк-ѕвезда е едноставно облечена и речиси без шминка.
Срејовиќ е поранешен манекен и успешен угостител. Позади себе има еден пропаднат брак, разведен е пет години и ја има ќерката Искра која неретко ја објавува на „Инстаграм“.