Првпат сама на одмор: Сања Маринковиќ по разводот ужива на ова егозитична дестинација

Водителката на „Магазин ин“, Сања Маринковиќ моментално ужива во Дубаи.
По долго време, таа првпат е сама на одмор. Како што вели, одморот и годи, но ја загрижува коронавирусот.
„Од сабајле сум на плажа, но не е толку безгрижно. Од денес се на сила рестрективни мерки бидејќи бројот на заболени од коронавирус надмина над 4000. Тоа е резултат на новогодишните празници бидејќи луѓето од цел свет дојдоа тука да ги прослават празниците“, изјави Сања за „К1 телевизија“.
Таа исто така откри дека казната за неносење маска изнесува 1000 евра, но и дека оние кои се вакцинирале имаат одреден попуст во рестораните.


Водителката откри дека првпат е сама на одмор откако го роди синот Александар, но и откако се разведе претходната година.
„Сама сум. Првпат сум сама на одмор откако го родив синот Александар. Уживам со другарките кои живеат овде и одлично си поминувам“, изјави Маринковиќ.
Потсетуваме, Сања на почетокот од годината официјално се разведе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.