Алармантно: Се продаваат позитивни тестови за бременост!

Во Америка се појави алармантна ситуација каде што преку интернет почнаа да се продаваат позитивни тестови за бременост. Овие позитивни тестови за бременост може да достигнат цена од 25 долари па нагоре. 
Една мајка од Бафало тврди дека своите искористени тестови ги продава за по 25 долари.
„Сакате да го натерате вашето момче конечно да го постави прашањето или да се пошегувате со родителите или пријателите“, пишува друга идна мајка од Њу Џерси.  
Сурфајќи по интернет продавницата „Craigslist“ може да се види дека „продавачки на позитивни тестови“ не недостасуваат, а многу од нив се свесни дека нивните муштерии, тестовите можат да ги корисита и за многу сомнителни ситуации.
Една жена од Лос Анџелес сака да купи позитивен тест за да „сними видео за тинејџерската бременост“, за потребите на својот клуб за локалната младина.
Овој оглас веднаш беше прогласен за сомнителен од страна на коментаторите.
Некои купувачи отворено ги наведуваат причините за купување на позитивниот тест, а варираат од освета, па до неумесни шеги.
Идните мајки на овој  начин можат многу лесно и добро да заработат. Тестот за бременост во апотеките чини меѓу 10 и 20 долари. 
Сајтот „Craigslist“ стана некој вид подземна продавница и за други работи кои се поврзани со бременоста и плодноста. Така некои жени го продаваат своето смрзнато млеко и разноразни сомнителни лекови за плодност. Овие позитивни тестови за бременост може да достигнат цена од 25 долари па нагоре. 
Една мајка од Бафало тврди дека своите искори

Пронајдете не на следниве мрежи: