Трик кој секоја домаќинка треба да го знае – еве што може да ставите на плехот освен брашно, пред да печете колачи или торта

Премачкувањето на плехот со путер или пак брашно, е вообичаен чекор при печењето колачи или пак торта.
Сепак, постои еден трик кој што секоја домаќинка треба да го знае.
Постапката е многу едноставна: парче путер или пак една лажица масло за јадење се става на дното од плехот, па потоа со лесни движења се премачкува целата негова внатрешност.
Потоа една лажица брашно се става врз премачканиот плех, а со тапкање на лажицата брашното рамномерно се распоредува на сите страни од плехот. Како што знаеме, врз таквата површина се става тестото да се пече.


Благодарение на оваа постапка откако ќе се испече кората во плехот, истата може многу лесно да се извади.
Кога печете чоколадни колачи или пак торта, наместо брашно подобро е да употребите какао во прав.
Не само што таа намирница нема да остави бели траги на вашата кора која што ја печете, туку и на целиот десерт кој го приготвувате ќе му даде нова доза на вкус.
Обидете се!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.