Видео: Роднините ја погребале, а таа „воскреснала“ во болница

Педесетгодишната Американка Шеролин Џексон се пријавила во една психијатриска институција во Филаделфија две недели откако роднините ја погребале, јавија локалните медиуми. Шерон исчезнала, а нејзиното семејство погребало леш на жена кој полицијата го пронашла на улица два дена откако таа исчезнала.
Мајката на Шеролин, Кери Мини изјави дека жената во ковчегот изгледала идентично како и нејзината ќерка, освен носот, но семејството тогаш претпоставувало дека нешто се случило во процесот на балсамирање.
Џексон во болницата за ментални болести се појавила минатата недела, речиси две недели по сопствениот погреб.
Портпаролот на Одделението за јавно здравство во Филаделфија изјави дека на синот на Шеролин и на социјалниот работник, кој ја познавал им биле покажани сликите од мртвата жена, на кои тие ја препознале Шеролин.
Телото на жената, која е погребана ќе биде ексхумирано со цел да се идентификува и ќе се покрене истрага за да дознаат како дошло до грешка.Шерон исчезнала, а нејзиното семејство погребало леш на жена кој полицијата го пронашла на улица два дена откако таа исчезнала.
Мајката на

Пронајдете не на следниве мрежи: