ДОСТАВАТА НА ВАКЦИНИ ОД СРБИЈА ОДЛОЖЕНА – „ФАЈЗЕР“ НЕ ДАЛ ДОЗВОЛА

Вакцините од Србија кон Македонија тргнале без дозвола од производителот „Фајзер“. Според информации на ТВ24, камионите со вакцини биле подготвени, но во последен момент операцијата била откажана, поради тоа што „Фајзер“ побарале дополнителна документација за извоз на вакцините.
Од македонската влада и од министертствотоз а здравство доцна попладнево потврдија дека се чека компанијата да и даде одобрение на Србија, по што велат – веднаш ќе се изврши примопредавањето.
„Примопредавањето на пратката беше одложено од техничка причина. Двете влади се во постојана комуникација и сме известени дека документацијата од страна на Република Србија е целосно комплетирана. Во моментов се очекува во најбрз можен рок компанијата „Фајзер“ да издаде документирано одобрување до Република Србија после што веднаш ќе се реализира примопредавањето.“ – велат од владата.
Од ресорното министерство пак велат:„Министерството за здравство има подготвена легислатива, логистика, инфраструктура, за почеток на вакцинацијата против ковид 19. Не постои никаква законска пречка нашата земја да изврши увоз на вакцини. Министерството и МАЛМЕД се во постојана координација и комуникација и која било вакцина да дојде во нашата земја овде институции се подготвени истата во рекордно кратко врме да ја пуштат во употреба.“
Од МАЛМЕД пак за ТВ 24 потврдуваат дека вакцината на „Фајзер“ се уште не е регистрирана во земјава, но директорот Шабани вели дека за вакцините од Србија не треба регистрација, туку истите може преку интервентен увоз да се внесат во земјава, додека пак за вакцините преку КОВАКС механизмот, за што е потребна регистрацијата, се уште ја чекаат документацијата од „Фајзер“.
ТВ 24 испрати електронски прашања и директно до претставништвото на „Фајзер“ во Србија , но одговори до емитувањето на прилогот не добивме.
Вакцините од Србија требаше денеска да пристигнат преку граничниот премин Табановце, а на церемонијата на примопредавање беше планирано да присуствуваат Премиерот Зоран Заев и Претседателот Александар Вучиќ. Останува нејасно кој зошто и како организираше свечено примопредвање на вакцини без комплетна документација во услови кога граѓаните ја очекуваат вакцината – како единствен начин за спас од пандемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.