среда, 25 ноември 2026
Најново

Градот Скопје најавува нови имиња за градските улици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градот Скопје најави нови имиња за градските улици. Познатата улица во скопско Дебар Маало се предлага повторно да се вика „Ленинова“ наместо „Аминта трети“. Улицата во центарот на градот што до скоро го носеше името „Јордан Мијалков“ ќе се преименува во „Железничка“. Улицата „Филип II“ пак веројатно ќе стане „Стив Наумов“. Тафталиџе повторно ќе има „Мексичка“ наместо „Петре Пирузе“. А улицата „Борис Сарафов“ ќе стане „4 Јули“.
Постоечкиот регистар на имиња сега се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. На дополнетата листа се наоѓаат имињата на кројачот Анѓелковски, новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазарова, спортистите Благоја Георгиевски – Буштур, Атина Бојаџи, заменик градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи. На долгата листа се најдоа и Кофи Анан, космонаутот Нил Армстронг, Аполо 11. Се предлага еден плоштад да се вика „Вера, надеж и љубов“, а градскиот парк да се вика „Безвременски“.

Поврзани вести