На југот од Франција вчера се случила страшна несреќа во која загинале двајца откако автобус се превртел во провалија.Во оваа тешка автобуска несреќа животот го загубија две лица, а триесетина се повредени.
Несреќата се случила околу 1 часот и 30 минути по полноќ, кога возачот на автобусот на компанијата Еуролајнс кој сообраќал на релацијата Марсеј- Мурсија (Шпанија) ја загубил контролата врз воланот и излетал од патот.
Во автобусот имало вкупно 44 лица од кои тројца возачи. Возачот кој управувал со автобусот е со негативен контролен тест за алкохол и изјавил дека ниту еден друг автомобил не бил вмешан во несреќата.
Возачот во првите изјави на истражните органи им рекол дека еден од патниците ја предизвикал несреќата, откако побарал автобусот да запре, по што го удрил управувачот.
Но, други патници од автобусот ја оспориле оваа верзија на настанот, а засега не се дадени официјални причини за несреќата. Загинатите патници се еден француски и државјанин и една шпанска државјанка.Во оваа тешка автобуска несреќа животот го загубија две лица, а триесетина се повредени.
Несреќата се случила околу 1 часот и 30 минути по
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.