Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази уверување дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против Ковид – 19 и кинеските и руските.
– Не би сакал сега да шпекулирам, сакам да бидам прецизен тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малку периодот. Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од Фајзер за којшто го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после поптишувањето на договорот и секако со кинеската, изјави министерот Филипче, кој денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар.
Прашан дали овој одговор се однесува за кинеските или за руските вакцини, Филипче одговори дека сега зборува за двете количини на вакцини.
– Сакам да потенцирам уште една работа, правевме анализа и да упатам и да ја искористам приликата да упатам апел од регионот, од Гостивар преку сајтот и преку матичните лекари се пријавени навистина малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години околу 1.500, близу 6.000 граѓани.Прво апелирам матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат граѓаните своите над 70 години со хронични болести со првата следна приоритетна следна група да се пријавуваат и да ги внесуваат податоците во системот мој термин зараеди тие ќе бидат првите веднаш после лекарите и медицинските сестри од Гостивар. Огромен процент ми се чини практично сите лекари сестри коишто работат со ковид пациенти се веќе вакцинирани, рече министерот за здравство.
На новинарско прашање што со оние граѓани што не сакаат да се вакцинираат, Филипче потенцира дека со интензивна комуникација преку матичните лекари, преку кампањата која што следи треба да се подигне свеста.
– Тоа е единствениот начин со која што ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент ситуациијата во Гостивар е навистина стабилна, по десетина хоспитализирани пациенти. Меѓутоа, тоа не е знак дека граѓаните сега треба да се опуптат и да не се носат маските или да не се држи дистанца заради тоа што гледаме какви зголемувања на бројките, еве во некои други градови, Кавадарци, Прилеп и Охрид сега се навистина со зголемен број дијагностицирани, но и хоспитализирани пациенти.Така да се надевам дека граѓаните ќе се придржуваат до мерките псоебно сега кога има згоелен број дијагностицирани пациенти со британската варијанта на вирусот којашто многу полесно се пренсува заради тоа што тоа се мерките до коишто и понатаму ќе мора сите да се придржуваме, изјави Филипче.
Тој најави дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.
– Нема таква индиција заради тоа што порастот не е таков како што беше почетокот на ноември. Има благ пораст што не е ризик за болничките капацитети, но секако е причина да бидат граѓаните апсолутно многу внимателни, истакна министерот Филипче.