Берлускони се буни за затворската казна

Италијанскиот суд во четвртокот го осуди Силвио Берлускони на затворска казна поради затајување данок. Откако актуелниот сенатор Силвио Берлускони беше осуден за затајување данок, тој изјави дека пресудата е неоснована и истакна дека и понатаму има намера да се занимава со политика. 
„Таа пресуда е целосно неосновна и ќе ме лиши од слобдота и од моите политички права”, изјави Берлускони во видеопорака при што потенцираше дека против него се води правна битка без преседан.
„Мораме да продолжиме да се бориме, да се занимаваме со политика, за да ги спроведеме темелните реформи, во прв ред реформите во правосудството”, изјави поранешниот премиер чија порака е снимена додека седи на работна маса со италијанското и знамето на Европската унија.
„Ќе ја обновиме Напред Италија (Forzа Italiа)”, рече уште Берлускони мислејќи на политичката партија која ја основа кога влезе во политичките води во 1994 година.
Силвио Берлускони, 76-годишниот милијардер и медиумски магнат, четири пати беше италијански премиер а против него се водат речиси 30 судски процеси. Обвинуван е за серија кривични дела, од затајување данок до секс со малолетна проститутка. Во четвртокот навечр првпат правосилно е осуден за затајување данок под обвинение дека ги „местел” цените за правата за прикажување филмови купени преку компании во негова сопственост во моментот на нивната препродажба на медиумската куќа Mediaset на која исто така бил сопственик.Откако актуелниот сенатор Силвио Берлускони беше осуден за затајување данок, тој изјави дека пресудата е неоснована и истакна дека и понатаму има н

Пронајдете не на следниве мрежи: