Каде се крие Едвард Сноуден?

Откако Сноуден ги прифати условите на рускиот претседател Владимир Путин, тој од аеродромот замина на безбедна локација која за многумина е мистерија. „Тој си замина од аеродромот на безбедна локација. Се надевам дека ќе имате разбирање за ваквата информација. Сноуден од мене побара на сите да ви се заблагодарам и побара разбирање. Безбедноста е мошне сериозно прашање за него“ рече Кучерена, руската адвокатна на младиот американец. 
Рускиот адвокат кој го застапува поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден изјави дека неговиот клиент добил привремен азил во Русија во времетраење од една година. Анатоли Кучерена изјави дека Сноуден го напуштил московскиот аеродром откако ги добил документите. Адвокатот вели дека неговиот клиент се наоѓа на тајна и безбедна локација. 
Соединетите американски држави бараат екстрадиција на 29 годишниот Американец кој откри детали за американските тајни програми за следење на комуникации. Сноуден се товари за шпионажа и побара привремен азил во Русија откако му беше поништен пасошот. Поранешниот разузнавач беше заглавен во транзит зоната на аеродромот повеќе од еден месец.
За тоа време, неговиот татко Лони Сноуден изјави дека ФБИ побарале од него да отпатува за Москва, додавајки дека не знаел точно што се барало од него.
Пред поднесување на официјалното барање, за кое вообичаено се чека одобрение од 3 до 6 месеци, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Сноуден може да остане во Москва под услов да „прекине со активностите кои им наштетуваат на американските пријатели“. Според адвокатот Кучерена, хакерот го прифатил ваквото барање.„Тој си замина од аеродромот на безбедна локација. Се надевам дека ќе имате разбирање за ваквата информација. Сноуден од мене побара на сите

Пронајдете не на следниве мрежи: