СЗО не препорачува воведување пасоши за вакцини

Директорот на Светската здравствена организација за итни случаи Мајкл Рајан изјави дека таканаречените „пасоши за вакцини“ не треба да се воведуваат од повеќе причини, вклучувајќи го и фактот дека вакцините против коронавирусот не се подеднакво достапни за сите во светот. Тој на прес конференција прецизира дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации не препорачува употреба на сертификати за вакцини како услов за патување што го бараат одредени земји и дека треба да се земат предвид вистинските и етичките причини.
„Вакцинацијата едноставно не е достапна за целиот свет и секако не е достапна на фер основа“, рече Рајан. СЗО претходно изјави дека сè уште не е познато колку долго трае имунитетот по примената на одобрени вакцини против ковид-19 и дека овие податоци сè уште се собираат. Рајан исто така рече дека воведувањето на пасоши ќе биде нефер за луѓето кои не можат да се вакцинираат од одредени причини, и дека на тој начин „нееднаквоста и неправдата“ ќе бидат воведени во системот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.