Запленет е путер со изминат рок на употреба

Пронајден е и запленет путер со изминат рок на употреба, кој инаку би го довел во опасност здравјето на граѓаните, информираше во саботата вечерта Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција,.
Акцијата била спроведена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје, а производот е повлечен од пазарот.
„Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, информирапе Николовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.