Не очекува нова светска војна во наредните десет години?

Нова светска војна може да биде започната во текот на следниве 10 години, но дали таа ќе биде „ладна“ или „жешка“ не може да се предвиди, изјави на почетокот од април професорот на Московскиот државен универзитет, член на невладината научно-истражувачка општествена организација „Академија за воени науки“ Сергеј Малаков, пишува Руска реч.„Во следниве 10 години нè чека силна политичка и технолошка нестабилност“, рече тој на заседанието на работната група за подготовка на кадри за одбранбено-индустрискиот комплекс при Советот на претседателот на РФ за наука и образование, пренесува Интерфакс.
Академикот се повикува на теоријата на економски циклуси, разработена од советскиот економист Николај Кондратјев. Согласно ваа теорија, светската економија се развива циклично. Секој „циклус на Кондратјев“, или како што уште го нарекуваат „бран“, трае 40 до 60 години. Причината за смената на циклусите се техничките и научно-техничките револуции.
Секој бран се состои од две фази: зголемувачка, кога се забележува релативно високо темпо на економски раст, и намалувачка со релативно ниско темпо на раст.
Освен брановите на Кондратјев, во економската теорија се изделуваат и среднорочните циклуси на Жугљар, кои траат од 7 до 12 години, и долгите циклуси на Кузнец кои траат од 16 до 25 години.
Малков подвлече дека специјалистите на Московскиот државен универзитет ги анализирале економските циклуси и нивото на воена агресија во светот во последниве двесте години и дошле до заклучок дека светските војни и економските циклуси се синхронизирани.
„Во каква ситуација се наоѓаме ние сега? Завршување на петтиот бран на Кондратјев и премин кон шестото технолошко уредување, рече Малков. – Сега ја чекаме четвртата светска војна, а таа ќе се случи во следниве 10 години“.
Научниот секретар на секцијата на Академијата за воени науки, кандидат на технички науки, заменик на главниот уредни на списанието „Стратешка стабилност“ Виктор Коваљов го поддржа својот колега и појасни: „Малков зборуваше за тоа дека постојат определени закономерности. Сега отприлика во исто време завршува големиот циклус на Кондратјев, циклусот на Жугљар, циклусот на Кузнец. Ретроспективната анализа на светската историја покажува дека во вакви моменти е мошне веројатна „голема војна“. Ова е време на огромна политичка нестабилност. Светот го чекаат големи промени“.
Според него, излезот од глобалната криза од 2008 до 2010 година, најверојатно, нема да доведе до стабилен раст. Напротив, веќе во блиска иднина е мошне веројатна нова светска економска криза која „ќе доведе до значителна социјална и политичка дестабилизација, до социјални потреси и воени конфликти“.
„Во периодот од 2014 до 2025 година се мошне веројатни групни геополитички и геоекономски поместувања (познат аналог на ваквите поместувања се оние од периодот од 1937 до 1955 година), кои ќе отворат можности за глобално распространување на најновите и на ‘пробивните’ технологии“, смета Коваљов.

Сепак, тој забележа оти тоа не значи дека во следниве десет години „ќе се активираат флоти авиони и крстосувачки ракети, дека ќе експлодираат атомски бомби“.

„Војната може да се одвива и во други сфери, на пример во менталната сфера, со неограничено користење други средства, а меѓу другото и со иницирање теоретски активности на територијата на противникот. Но, тоа не значи дека ваквата војна е помалку разурнувачка“, го цитира Коваљов весникот „Взгљад“.
На прашањето во кој дел од планетата може да се роди новиот светски конфликти, Коваљов одговори. „Регионите кои, најверојатно, можат да станат арена на конфликти се Далечниот Исток, Блискиот и Средниот Исток, постсоветските простори, пред сè Кавказ, краина и некои земји од Централна Азија, Пакистан и Индија“.
Притоа експертот смета дека Северна Кореја нема да биде причина за почеток на нова светска војна.
„Кореја нема никаде да тргне сама. Таа е многу мирна земја“, уверува Коваљов.
Извор: Руска реч„Во следниве 10 години нè чека силна политичка и технолошка нестабилност“, рече тој на заседанието

Пронајдете не на следниве мрежи: