Страшна автобуска несреќа во Италија, најмалку 36 загинати

Во автобуска несреќа во Италија, најмалку 36 лица загинаа, а 11 се повредени. Како што соопштуваат тамoшните медиуми автобусот излетал од надвозник висок 30 метри.Несреќата се случила на автопатот А116 меѓу местата Монтефорте Ирпино и Авелино, во близината на Неапол. Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Неапол-Бари неколку часа беше во прекин.
Претставник на локалната полиција соопшти дека засега не се познати причините поради кои возачот ја загубил контролата врз автобусот и тој излетал од надвозникот. Според италијанското национално радио, возачот загинал при несреќата.
Агенциите ДПА и ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на анонимни полициски извори, јавија дека е можно да откажале сопирачките на автобусот.
Италијанските медиуми во своите извештаи наведуваат дека најверојатно некои од 54-те патници испаднале од автобусот додека тој паѓал од надвозникот.
Извор: kurir.mkНесреќата се случила на автопатот А116 меѓу местата Монтефорте Ирпино и Авелино, во близината на Неапол. Поради несреќ

Пронајдете не на следниве мрежи: