Како да проверите дали била враќана километражата кога купувате половен автомобил?

Враќањето на километражата е многу честа манипулација што ја прават продавачите на половни возила, а според извори од Германија, тоа се прави на секој трет автомобил што се продава на старо.
Измамата на клиенти и компаниите за изнајмување не е шега, а само во Германија е направена штета од околу 6 милијарди евра на сметка на измама за враќање на километражата.
Измамниците ја зголемуваат вредноста во просек за 3.000 евра по автомобил и ги лажат купувачите на користени автомобили или компании за лизинг, а проценетата вкупна штета само во Германија е околу шест милијарди евра годишно.
Според популарната апликација за дијагностицирање на возила Carly, Македонија е една од земјите во Европа каде има највисок процент на враќање на километражата и речиси секое второ половно возило што се продава има „местена километража“. Апликацијата Carly има над милион корисници и со нејзе може да се пристапи кон разни податоци од дијагностичкиот систем на автомобилот. Исто така може да се провери дали декларираната километража е вистинска или имало враќање, пишува 24auto.mk.
Како да забележите дали километражата на автомобилот што сакате да го купите на старо била враќана?


1. Проверете ги сметките за поправка, извештаите за извршен технички преглед, сметките за гориво (кога користите картичка за гориво, километражата се прикажува таму), датумите на сервиси и километражата во книшката на возилото или налепницата за промена на маслото, за верификација.
2. Контактирајте го претходниот сопственик кој е регистриран во потврдите за регистрација. Прашајте го за документите споменати во првата точка, за да ви потврди дали е таа километражата со која било продадено возилото.
3. Не потпирајте се на податоците за километражата на продавачот. Инсистирајте „вистинската километража“ да биде наведена во писмена форма во договорот за продажба.
4. Однесете го половниот автомобил да го провери автомеханичар во кој имате доверба.
5. Кај половните автомобили, треба да обрнете внимание не само на километражата, туку и на одржувањето на таа навика на возење кај претходните сопственици, доколку можете да дојдете до нив.
6. Во автомеханичарската работилница нека ја прочитаат и меморијата за дефекти и интервалите на одржување.
7. Во случај на сомнеж, додека сте во автомеханичарската работилница, утврдете го датумот на производство на километражникот и контролните единици: можно е да биле оштетени при манипулација, а потоа да биле заменети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.