Сноуден: Американските власти сакаат да не спречат да добијам азил

Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден изјави дека американските власти водат кампања за да го спречат да побара азил. Тој побара состанок на московскиот аеродром со групите за човечки права „Human Rights Watch“ и „Amnesty International“, откако им испратил писмо велејќи дека американските власти водат ужасна кампања за да го оспорат неговото право да бара и ужива азил со член 14 од Универзалната декларација за човечки права.
“Степенот на заканувачко однесување е без преседан: никогаш порано во историјата немало државни заговори  да го стопираат планот на претседател на суверена земја за барањето на политички бегалец”, им напиша тој на групите. “Оваа опасна ескалација претставува закана не само за достоинството на Латинска Америка или мојата лична безбедност, но и на основно право на секој жив човек кој  живее слободно или во прогон.”
Ројтерс го цитираше еден аеродромски официјален претставник како вели дека Сноуден ќе се сретне со групите во петок попладне во транзитниот простор на Шереметјево, каде што тој е заглавен уште од 23-ти јуни.
30-годишниот поранешен вработен во ЦИА се обидува да преговара за азил на било кое место за да ги избегне обвиненијата во САД, вклучувајќи шпионажа и  откривање  детали за електронските надзорни програми на САД.Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден изјави дека американските власти водат кампања за да го спречат да побар

Пронајдете не на следниве мрежи: