Чај или кафе, брзо пециво или палачинки со кавијар: Како изгледа појадокот во различни култури?

Припадници од различни култури денот го започнуваат сосема поинаку. Во зависност од обичаите и начинот на живот, се разликува колку време поединци посветуваат на подготвување и консумирање појадок и што најчесто се наоѓа на утринската трпеза кај одредени народи.
Почнувајќи од кремаст куглоф, направен од пченкарно брашно, во Бразил, преку солена туниска супа од леблебии, па сè до ‘дупчести’ палачинки во Мароко – меѓу овие меѓународни специјалитети, секој ќе најде нешто по свој вкус.
Швајцарија
Во работните денови Швајцарците често се придржуваат до брз појадок, како што се традиционалните ‘birchermuesli’, овесни каши со овошје и ореви кои обично се јадат со густ јогурт.
Меѓутоа, за време на викендите, на швајцарската утринска трпезата обично може да се најдат палачинки од компир, различни сирења и парче месо.
Германија
Веројатно никој нема да се изненади што колбасите и другите месни производи играат главна улога во традиционалниот германски појадок.
Покрај колбасите, сирење и леб, наутро можете да најдете и свежо овошје на трпезата, како и меко варени јајца.


Русија
Верувале или не, Русите сакаат да јадат кавијар за појадок. Без разлика дали е црвен или црн, кавијарот им е еден од омилените намази за палачинки, пренесува „CNN“.
Меѓутоа, во работните денови појадоците се поедноставни – парче леб, малку путер и џем или овесна каша.
Сепак, речиси во секоја руска куќа наутро може да се најде полн чајник со црн чај.


Турција
Kahvaltı, традиционален турски појадок, кој претставува раскошен оброк и пружа за секого по нешто – турско пециво како ѓевреци, погачи од пченкарно брашно, фета сирење, јајца, колбаси, црвени пиперки, маслинки, алва и мед.
Италија
Италијаните се речиси премногу зафатени за појадок – или барем така делуваат по бројот на кафулиња каде луѓето наутро набрзина консумираат еспресо стоејќи на шанк.
Италијаните имаат време само за брзо кафе и некое пециво. За претпладне, еспресото или капучиното често го комбинираат со едноставно пециво, како кроасан.


Тунис
Сите кои сакаат да го започнат денот со солен оброк, веројатно ќе бидат љубители на супа од леблебии, позната како leblebi.
Супата повремено се консумира со крцкав леб, сок од лимон или со густ јогурт.
Мароко
Покрај чај од нане, лебот од гриз е главната состојка на мароканската утринска трпеза. Baghrir се тенки пецива, ги нарекуваат ‘палачинки со илјада дупки’, на кои обично се става мед.
Исто така наутро често се консумираат и кифлички со мед и џем.


Аргентина
Аргентинците обично денот го започнуваат со пециво, без разлика дали е слатко или солено. Тоа можат да бидат крофни, чоколадни кроасани, кои во нивната држава се нарекуваат medialuna rellena. Се разбира, овие пецива задолжително одат со кафе.
Бразил
Queijo се мали округли лепчиња со сирење, на кои речиси никој не може да им одолее и обично се консумираат за појадок.
Второто познато пециво е bolo de fuba, куглоф од пченкарно брашно, кое се јаде со сирење.
Исланд
Граѓаните на оваа земја најчесто користат рибино масло наутро, како извор на Омега-3 масни киселини.
Популарен исландски појадок е hafragrautura, односно густа овесна каша со ореви, суво грозје и шеќер или со јогурт и сирење.
Јапонија
Многу утрински оброци се состојат од избор во мали чинии, секоја со неколку ‘залаци’ од традиционални јапонски јадења. Застапени се риби како лосос или скуша, мисо супа, кисел зеленчук и ориз. Често се јаде и tamagoyaki, малку сладок омлет во форма на ролат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.