Хаос во Египет: Се фрлаат тинејџери од зграда

Тинејџер на возраст од 17 години е убиено во Египет, од страна на приврзаниците на Муслиманското братство и на соборениот претседател Морис. 
Тие го убиле тинејџерот фрлајќи го од покривот на станбена зграда во Александрија, пренесува „Лос Анџелес тајмс“. 
Весникот наведува дека тинејџерите, според некои очевидци, наводно фрлале со камења врз приврзаниците на Морси, кои ги бркале и фатиле на покривот од зградата.
Според снимките што се споделуваат преку социјалните мрежи, може да се види како група исламисти ги турнале момчињата од кула за вода, висока шест метри, која се наоѓала на покривот од зградата.
Две момчиња претрпеле тешки повреди, а третото се обидело да побегне и да се спушти преку олукот од зградата, но 17-годишниот Хамада Бадр паднал пред објектот, по што починал во болница од обилно внатрешно крвавење. Тинејџер на возраст од 17 години е убиено во Египет, од страна на приврзаниците на Муслиманското братство и на соборен

Пронајдете не на следниве мрежи: