Субрата Рој стана доктор на науки

Субрата Рој Сахара стана почесен доктор на економски науки на Универзитетот од источен Лондон (University of East London). На специјалната церемонија во Crowne Plaza Hotel присуствуваа членови на семејството, претставници на универзитетот, голем број на истакнати гости од бизнис заедницата, политиката и спортот.
– Овој настан за мене има големо значење. Оваа почесна награда оди во рацете на уникатен студент – студент на животот. Неговиот успех во Индија покажува дека секој успех може да биде не само локален туку и глобален. Јас сум воодушевен од неговиот начин на бизнис и филозофијата на која се заснова неговата компанија“, изјави ректорот на Универзитетот, Лорд Нун.
Титулата почесен доктор е резултат на неговата повеќедецениска работа како сопственик на една од најголемите компании во Индија. Рој е еден од 10-те најмоќни луѓе во Индија и основач на „Индија – Сахара Индија Паривар“ („India – Sahara India Pariwar“) од 1978 година.
– Субрата Рој е човек што константно придонесува во светот на бизнисот, спортот, за зајакнување на образованието и развој на општеството, особено со хуманитарните активности што постојано ги презема како групација – додаде професорот Лорд Пател за време на церемонијата. Досега Рој има добиено неколку награди за градењето на успешен бизнис во Индија. Тие ги вклучуваат „Нешонал ситизен авард“ („ National Citizen Award“) во 2001 година и Бизнисмен на годината во 2002. Рој во 2004 година ја добива наградата за Глобално лидерство.
извор:republika.mkСубрата Рој Сахара стана почесен доктор на економски науки на Универзитетот од источен Лондон (University of East

Пронајдете не на следниве мрежи: