Лепа Брена (60) е една од најголемите музички sвезди која „живее“ на сцената повеќе од три децении. Продадените концерти, плочи, албуми се доказ дека таа има исклучителен талент, но малкумина знаат дека тоа не е нејзиниот единствен талент.
Една од фотографиите што се шири на социјалните мрежи е онаа на која пејачката го покажува својот талент за сликање, а глетката како стои пред свежо насликано платно воодушеви многу обожаватели.
Во фармерки и бела кошула, 60-годишничката на фотографијата позира со голема насмевка на лицето додека гордо го држи приборот за сликање во рацете откако ги заврши своето уметничко дело.
Сликањето на разнобојни цвеќиња на платното открива дека покрај исклучителните вокални способности, Лепа Брена има и скриен талент за сликање.
Во еден од разговорите за медиумите, 60-годишничката откри каква друга активност е одговорна за нејзината насмевка и позитивната енергија што секогаш ја зрачи. „Вежбам јога секое утро“, рекла тогаш Брена.