Знаете ли колкаво богатство ќе имавте денес ако пред 10 години вложевте 100 долари во Биткоин?

Цената на најпопуларната криптовалута продолжува да расте и моментално изнесува нешто помалку од 59 илјади долари.
Доколку некој пред 10 години одлучил да вложи во оваа криптовалута и во меѓувреме одолеал на тоа да не ги продаде своите биткоини, денеска веројатно е милионер. Биткоинот беше лансиран во 2009-та година, а почетната вредност беше 0 долари.
„Сигурно е инвестиција со најдобри перформанси во последната деценија“, изјави Даниел Полотски, извршен директор на CoinFlip.
Според пресметките, доколку некој купел Биткоин кога неговата вредност изнесуваше околу 10 центи во октомври 2010-та година и инвестирал 100 долари, сега во својот „вирутелен паричник“ би имал 1000 биткоини кои денеска вредат вртоглави 60 милиони долари.
Аналитичарите сметаат дека новиот скок на највредната криптовалута се должи најверојатно поради обновениот интерес на најголемите инвеститори да вложат во криптовалутата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.