Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот се воведе забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Oваа забрана се однесува на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од фотографиите до кои дојде Курир за моменталната состојба на Стража, може да се забележи дека снегот е натрупан на коловозот и патиштата се неисчистени.
Очигледно е дека надлежните се уште спијат, додека снегот паѓа, ги покрива патиштата и ги доведува луѓето во опасност.