Експлозијата на руската ракета може да има негативни последици за животната средина

Ракетата Протон-М со три навигациски сателити, која беше планирано да биде лансирана денес од космодромот Бајконур, поради дефект експлодира на 70 километри од местото на лансирање.
Руската ракета која денес експлодира во Казахстан може да има значителни негативни последици за животната околина и воздухот кој го дишеме. Отровните материи од оваа ракета можеби навлегле во почвата и се прошириле во воздухот, предупредуваат претставници на казахстанската осигурителна компанија „Евразија“.
„Ова е прв случај во изминатите години на лансирање на ракета, кој заврши со експлозија“ , соопштија од  „Евразија“, која учествуваше во обезбедувањето на ракетата. 
Причините за хаваријата се истражуваат од комисија, предводена од Александар Лопатин, заменик-директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“.  Извори од локалните спасувачки служби изјавија дека нема закана за околните населени места во Казахстан и дека лицата не се евакуираат. 
Според претставници на  „Евразија“ во моментот на експлозијата во ракетата имало речиси 500 тони гориво, вклучувајќи и отровни супстанци. Според нив, поради можното навлегување на штетните материи во почвата и воздухот,   потребно е да се прочисти регионот околу местото на несреќата. 
Во областа дејствуваат екипи за хемиска контрола, но засега не се регистрирани абнормални количини на штетни материи, нагласи „Роскосмос“. 
Според руската вселенска агенција во инцидентот, кој се случил поради исклучувањето на моторите во 17-та секунда од полетувањето, никој од персоналот не е повреден и нема ниту материјална штета на комплексот за лансирање. Според првичните информации на локацијата каде паднале остатоците од ракетата исто така нема жртви, ниту е причинета материјална штета. 
-Несреќата е внатрешна работа на „Роскосмос“, изјави шефот на казахстанската вселенска агенција „Казкосмос“, Талгат Мусабаев. Ракетата Протон-М со три навигациски сателити, која беше планирано да биде лансирана денес од космодро

Пронајдете не на следниве мрежи: