Избоден британски тинејџер во Турција, затоа што бакнал млада Турчинка

Британски тинејџер е тешко повреден во турското одморалиште Мармарис, откако непознати напаѓачи неколкупати го избоделе со нож, затоа што бакнал млада Турчинка.
17 годишниот Двеин Ворд е пронајден во еден парк, сосема гол. На неговото тело полицијата забележала десет рани од убод на нож во пределот од стомакот, градите, грбот и на грлото.
Тешко повредениот Британец е итно префрлен во локалната болница, а лекарите потврдија дека се бори за својот живот.
Соопштението на болницата кажува дека неговата здравствена состојба е критична.
Полицијата во Турција отвори истрага за тешкиот инцидент, но засега не се знаат сите детали околу случајот кој ги вознемири бројните британски туристи кои летуваат во тој дел од Турција.
Она што е познато е само дека тој бил во еден од локалните барови, а сведоци велат дека бакнувал некоја млада турска девојка.
Со својата мајка и братот сошол на летување, а во Мармарис бил само неколку дена. Мармарис е многу популарна дестинација за Британците кои масовно летуваат во ова одморалиште на турскиот егејски брег.Британски тинејџер е тешко повреден во турското одморалиште Мармарис, откако непознати напаѓачи неколкупати го избодел

Пронајдете не на следниве мрежи: