Иако многу студии безброј пати ги потврдиле придобивките од пиењето зелен чај, постојат одредени работи кои треба да ги имате на ум ако сакате да го искористите овој „магичен напиток“ на најдобар можен начин.
За почетници, се препорачува консумација на 2 до 3 шолји зелен чај дневно и не треба да го надминувате тоа.
Еве уште неколку работи на кои треба да обрнете внимание кога консумирате зелен чај:
Не пијте зелен чај веднаш по оброкот
Една од најголемите заблуди при консумирање зелен чај е дека ако го испиете веднаш по оброкот, тој магично ќе ги избрише сите калории кои сте ги внеле.
Но, бидејќи телото допрва треба да ги вари сите протеини од вашата храна, зелениот чај веднаш по оброкот може да му наштети на овој процес и затоа треба да го избегнувате.
Не пијте зелен чај на празен стомак
По ноќните часови за време на кои не сте внеле ништо во вашиот организам, треба да консумирате нешто лесно и смирувачко што ќе го разбуди вашиот метаболизам.
Зелениот чај содржи силни антиоксиданти и полифеноли кои можат да го зголемат производството на желудочна киселина и да го нарушат варењето на храната. Би било идеално да го консумирате помеѓу оброците.
Не пијте врел зелен чај
Не само што тој ќе биде невкусен, туку може да му наштети и на вашиот желудник и грло. Консумирајте го вашиот зелен чај топол, не врел.
Не додавајте мед додека е врел
Повеќето од нас обожуваат да му додаваат мед на зелениот чај затоа што тој е здрава алтернатива на шеќерот и има добар вкус. Меѓутоа, ако додадете мед во шолја врел зелен чај, многу е веројатно дека нутритивната вредност на медот ќе биде уништена.
Не земајте лекови со зелен чај
Многу луѓе пијат таблети со утринската шолја зелен чај. Ова може да биде исклучително штетно бидејќи хемискиот состав на вашата таблета може да се помеша со вашиот зелен чај и да доведе до киселост. Затоа, се препорачува да ги земате таблетите со обична вода.
Не пијте премногу зелен чај
Само затоа што зелениот чај е здрав, не значи дека можете да испиете неограничен број шолји во текот на денот. Исто како и кафето, и зелениот чај содржи кофеин.
Претерувањето со дневната консумација може да предизвика штетни нус појави вклучувајќи главоболка, летаргија, тромавост, раздразливост и вознемиреност. Премногу зелен чај исто така може да ја намали апсорпцијата на железо во телото.