Затворени пистите на лондонскиот аеродром „Хитроу“

Двете писти за слетување и полетување утрово се затворени на најголемиот лондонски и британски аеродром „Хитроу“, објави управата на аеродромот.
Одлуката за затворање е донесена за да се овозможи принудно слетување на еден авион на британксата компанија „Бритиш Ервејс“.
Претставник од управата на „Хитроу“ изјави дека сите патници и членови на посадата на авионот се безбедно евакуирани. Нема објаснување од каде долетал авионот, ниту дали е оштетен авионот при принудното слетување, кое се случило во девет часот по локално време.
Засега нема објаснување за причината на инцидентот, но лондонските медиуми навестуваат дека посадата на авионот барала итно призејмување по судир со јато птици. Двете писти за слетување и полетување утрово се затворени на најголемиот лондонски и британски аеродром „Хитроу&

Пронајдете не на следниве мрежи: