Израел се закани дека ќе го уништи режимот во Сирија

Израел ја предупреди Сирија дека ако претседателот Асад одлучи да нанесе одмазднички удар врз израелска територија, неговиот режим ќе биде уништен, објави денеска The Times of Israel.
Според нив оваа позиција ја изложил на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху. Итната средба се одржа во вторникот, 14 мај, во Сочи. Нетанјаху замина за Русија, за да се спротивстави на продажбата на руски анти-авион комплекси С-300 на Сирија.
Предупредувањето за Асад од Израел се објави откако во текот на ноќта на 15 мај израелската територија беше подложена на минофрлачки оган од страна на Сирија. Како резултат на истата никој не е повреден и нема материјална штета. Во исто време арапските весници соопштија дека радикалната исламистичка организација “Хезболах” планира да отвори “нов фронт” против Израел на Голанската Висорамнина.
Минатата недела Сирија најави “непосреден и жесток одговор” на сите наредни израелски напади, откако Израел пак на два пати нападна од воздухот територии крај Дамаск. Тврдеше дека целта на ударите биле пратки со оружје за “Хезболах” насочени од Иран кон Либан.
Висок израелски службеник изјави за весникот “Њујорк Тајмс” дека “Израел сеуште се воздржува од мешање во граѓанската војна во Сирија и ќе се придржува кон оваа политика, се додека Асад се воздржува од директно или индиректно напаѓање на Израел”.Израел ја предупреди Сирија дека ако претседателот Асад одлучи да нанесе одмазднички удар врз израелска територија, неговиот режим ќе биде уништен,

Пронајдете не на следниве мрежи: