Турција во тотален локдаун поради ширењето на КОРОНА до 17ти мај!
Ердоган нареди од понеделникот да започне епидемиолошка мерка за потполно затворање на земјата до 17-ти мај со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.
Тоа вклучува континуирано заклучување, затворање на училиштата и ограничување на меѓуградските патувања.
На 16-ти април Турција имаше повеќе од 63.000 новозаразени што воедно беше и пик на новиот бран. На дневна основа во државава има над 300 смртни случаи во просек.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.