САД го отфрли барањето на Северна Кореја да ја признае како нуклеарна сила

САД во вторникот го отфрлија барањето на Северна Кореја да и’ го признае статусот на земја којашто поседува нуклеарно оружје како „нереално и неприфатливо“.„Севернокорејското барање да и’ биде признаена како земја којашто има нуклеарно оружје не е ниту реалистично ниту прифатливо“, изјави Томас Кантримен, помошник на американскиот државен секретар за меѓународната безбедноста неширење на нуклеарното оружје, во Женева каде што ја води американската делегација на разговорите за Договорот за спречување на ширењето нуклеарно оружје.Претходно во вторникот Северна Кореја побара да и’ биде признаен статусот на нуклеарна сила, отфрлајќи го американскиот услов да се откаже од својата нуклеарна програма пред почетокот на разговорите за смирувањето на тензиите на Корејскиот полуостров.По повеќенеделните напнатости, вклучувајќи ги и заканите од страна на Пјонгјанг со нуклеарен напад врз Јужна Кореја, САД и Јапонија, Северна Кореја од почетокот на седмицава започна да го споменува дијалогот на кој повикуваат Вашингтон и Сеул.Севернокорејскиот весник Rodong Sinmun кој ги изразува ставовите на владејачката комунистичка партија, го отфрли како невтемелено и неприфатливо американското и јужнокорејското барање Пјонгјанг да го демонтира своето нуклеарно оружје и да престане со лансирање на ракетите. „Доколку Демократска Народна Република (Северна -з.р) Кореја седне на маса со САД, тоа мора да биде дијалог меѓу двете држави кои поседуваат нуклеарно оружје, а не едната земја да ја принудува другата да се разоружува“, пишува севернокорејскиот весник.Белата куќа претходно овој месец објави дека Северна Кореја мора да докаже дека сериозно има намера да се откаже од нуклеарните амбиции за да евентуалните разговори би добиле смисла.Северна Кореја во 2005 година го потпиша ткн договор „денуклеаризација за храна“, меѓутоа подоцна се повлече од таа спогодба. Во текот на актуелната криза властите во Пјонгјанг повеќепати истакнаа дека нивното нуклеарно оружје го сметаат за „драгоцен меч“ од кој никогаш нема да се откажат.
МакфаксСАД во вторникот го отфрлија барањето на Северна Кореја да и’ го признае статусот на земја којашто поседува нукл

Пронајдете не на следниве мрежи: