Анабела изненадена од тајната венчавка на Луна и Марко: „Не знам дека ја омажив ќерката“

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се венчаа вчера во тајност, а мајката на Луна, Анабела Атијас е изненадена од овој потег на ќерката.
„Јас не знам. Во црн фустан? Јас не знам, ако ми се јави тогаш ќе ви кажам нешто бидејќи јас навистина ништо не знам“ изјави пејачката.
„Прво, сакам да слушнам од неа. Ако не ми кажа, тоа е затоа што сакаше да биде така како што планираше. Сигурно има причина за тоа. Јас ќе почекам да ми се јави да ми каже дали е вистина, па тогаш ќе кажам што имам. Не можам ништо да ви кажам бидејќи сакам да слушнам од мојата ќерка“, изјави Анабела за блиц.рс
Инаку, Луна и Марко вчера склопија само граѓански брак, а како што истакна Марко се одлучиле за интимна атмосфера, но дека наскоро ќе направат гала вечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.