Ахмадинеџад: На Иран не ми е потребна атомска бомба

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој престојува во Бенин во рамките на неговата западноафриканска турнеја, застана во одбран на нуклеарната програма на својата земја, велејќи дека станува збор за цивилна програма, и негираше дека Техеран поседува или е блиску до изработка на атомска бомба.Во говорот одржана на Универзитетот во Бенин во понеделникот, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад нуклеарната енергија ја оцени како „божји дар“ со кој се обезбедува електрична енергија по поевтина цена.„Иран нема потреба од атомска бомба. Покрај тоа, морам да кажам дека на светот не му се заканува опасност од атомска бомба, туку од западниот морал и култура коишто ги загубиле вредностите“, рекол Ахмадинеџад.Иран е под серија санкции, поради тоа што Израел и западните земји сметаат дека Техеран развива воена нуклеарна програма чија цел е производство на атомска бомба, додека иранската страна тврди дека збогатувањето на ураниум во неговите нуклеарни постројки има цел да обезбеди производство на електрична енергија и во медицински цели.
МакфаксИранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој престојува во Бенин во рамките на неговата западноафриканска турнеја, зас

Пронајдете не на следниве мрежи: