ЦЕЦА ИСКЕШИРАЛА 15.000 ЕВРА ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ЖЕЉКО?!

Денес семејството Ражнатовиќ го слави првиот роденден на малиот Жељко Ражнатовиќ
Внукот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и синот на Вељко и Богдана, Жељко, четврток на 3 јуни ќе го прослават својот прв роденден и по тој повод ќе биде организирана гала прослава во елитен белградски ресторан.
Семејството Ражнатовиќ одлучи да ги собере членовите на семејството и пријателите со цел да организира роденденска забава за малиот Жељко, а малиот ќе има дури и специјално одело.
„Ражнатовиќ не штедеше кога станува збор за прославата, но имајќи предвид дека станува збор за елитен ресторан, може да се каже дека поминала добро. Таа даде околу десет илјади евра за закуп на ресторанот и кетеринг, додека за украсувањето, аниматори за деца и други ситници издвоила околу три илјади евра Бидејќи е роденден за најмладите, нема да има алкохол во поголема мера, затоа таа дала околу илјада евра за пенливи вина да наздрават. Тортата ќе биде голема и гламурозна, а ќе доминира сината боја и ќе има неколку вкусови.Подготвена е слатка трпеза што ја обожаваат најмладите, а платиле и околу илјада евра за слатки “, изјави неименуван извор близок до семејството

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.