Научниците го реконструираа човековиот предок

Досега најпотполниот увид во можниот предок на човекот откриен во Јужноафриканската Република открил интригантна мешавина од човечки и мајмунски карактеристики, се вели во студијата објавена во научниот магазин Science.Остатоците чија старост се проценува на два милиона години од неколку делумни скелети коишто припаѓаат на претходно непознат човеколик вид се откриени во 2008 година во близина на Јоханезбург . Примероците се пронајдени во Малапа, во познатата локација на светското наследство позната како Колепката на човештвто, северозападно од Јоханезбург.Новата анализа покажува дека тој вид наречен аustralophitecus sedibа, имал карлица на човек, а раце, заби и стапала како шимпанзо.Во шест одвоени извештаи за истражувањето, научниците дополнително ја истражувале анатомијата на помладиот машки скелет означен со MH1, женски скелет означен како  MH2 и издвоена потколеница со ознаката MH4.Научниците сметаат дека женскиот и машкиот скелет би можеле да припаѓаат на мајка и син. На научниците им изгледа дека загинале во некоја несреќа поради која паднале во комплекс пештери или останале заробени во нив. По смртта нивните тела отпловиле во пештерски базен и долго време биле таму заедно со скелети од други животни, сабјести мачки, хиени, антилопи, птици и глувци.Примероците од Малапа потпаѓаат под пошироката група australopithecus, човеколики суштества коишто оделе исправени и ја населувале Африка пред два до четири милиони години.Џереми Десилва од Универзитетот во Бостон и неговите колеги во својата анализата на остатокот од долните екстремитети сугерираат и дека тој вид одел на единствен начин. Неговата петица повеќе личи на шимпанзо отколку на човечка. Тоа сугерира дека веројатно тој вид  одел со ротација на колената и колковите кон навнатре и со благо подвиткани стапала. Тој примитивен начин на одење би може да биде компромис меѓу исправеното одење и качувањето по дрвја, сугерираат истражувачите, бидејќи изгледа дека аustralophitecus sediba морал да има повеќе прилагодувања за качување на дрвата отколку другите australophitecus-и.Наодите наведуваат на заклучокот дека некои видови australophitecus се качувале на стебла, некои оделе по земја, а некои ги правеле и двете работи.
МакфаксДосега најпотполниот увид во можниот предок на човекот откриен во Јужноафриканската Република открил интригантна мешав

Пронајдете не на следниве мрежи: