Врховниот суд ги ослободи обвинетите за масакрот во Мексико

 Врховниот суд на Мексико нареди во среда итно ослободување на 15 домородци осудени на 36 години затвор заради масакр врз други 45 домородци, извршен во 1997 година во Актеал, на југоистокот на земјата.Судот одлуката ја донел заради „противправни“ докази користени против нив.Група вооружени луѓе на 22 декември 1997 година усмрти 45 домородци цоцила, повеќето жени и деца, додека се молеле во малата црква во Актеал, во сојузната мексиканска држава Чиапас.Жртвите биле припадници на цивилната организација „Пчели“, основана во 1992 година за заштита на домородните заедници.Овие 15 осудени лица поднеле жалба, истакнувајќи дека властите го прекршиле правото на презумпција на невиност кога на испитаниците за време на судењето им ги покажувале нивните фотографии за време на судењето.„Нивните уставни права на праведно судење се прекршени, што е доволен мотив за нивно моментално пуштање на слобода“, истакна Врховниот суд, образложувајќи ја одлуката.Според податоците на владата на Чиапас, Врховниот суд од 2010 година досега веќе ослободи други 73 лица, кои исто беа обвинети за масакрот, додека во затвор се уште седум луѓе.
Макфакс Врховниот суд на Мексико нареди во среда итно ослободување на 15 домородци осудени на 36 години затвор заради ма

Пронајдете не на следниве мрежи: