Постројката за ракетно лансирање на Северна Кореја ставена во активна позиција

 Мобилната постројка на севернокорејската армија за лансирање на проектил од типот „Мусудан“ поставена во близина на градот Вонсан во северо-источниот дел на Северна Кореја, е поставена во активна положба, пренесе во четвртокот агенцијата Kyodo цитирајќи ја изјавата од министерството за одбрана на Јапонија.Според претставникот на јапонското министерство за одбрана, информациите се добиени врз основа на анализа на неодамна направените сателитски снимки. Експертите ја наведуваат можноста дека вториот лансер може да е камуфлиран под маскирна мрежа.Во почетокот на април се појавија информации дека Северна Кореја може да изврши тестирање на балистички проектили со среден дострел од типот „Мусудан“, за кој се верува дека има дострел меѓу три и четири илјади километри.Претходно беше објавено дека експертите на Северна Кореја го завршиле подготвувањето на ракетното гориво, а министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Јун Бен-Се официјално ја потврди информацијата дека севернокорејската ракета е транспортирана до источниот брег на Северна Кореја и рече оти Пјонгјанг е подготвен да ја лансира „секоја минута“.Покрај тоа, беа изнесени претпоставки дека Пјонгјанг може да истрела неколку ракети од типот „Скад“ и „Нодон“ од различни локации на севернокорејската територија, доколку се случи неуспешно лансирање на балистички проектили „Мусудан“.Од своја страна Сеул објави дека е подготвен да одговори на секоја закана од Северна Кореја. „Ние смирено реагираме на нуклеарните провокации на Северна Кореја и истовремено се наоѓаме во состојба на постојана подготвеност да одговориме на заканата“, изјави портпаролот на владата на Јужна Кореја, Јун Ланг-Џунг на прес-конференција во четвртокот.
Макфакс Мобилната постројка на севернокорејската армија за лансирање на проектил од типот „Мусудан“ поставен

Пронајдете не на следниве мрежи: