Студентот кој касапеше во Тексас на психијатриско вештачење

Студентот кој во обидот да изврши масовен колеж повреди 14 лица на тексашкиот колеџ и е обвинет за тежок напад, ќе биде подвргнат на психијатриско вештачење, пишува весникот Houston Chronicle.Дваесетгодишниот студен Дилан Ендрју Квик во вторникот во колеџот Лон Сата во близина на Хјустон со нож повреди 14 лица, од кои две се наоѓаат во критична состојба.Како што претходно соопшти за медиумите шефот на службата за односи со јавноста на шерифот на округот, Алан Бернштајн, изјавил на сослушувањето дека во периодот кога уште бил ученик си замислувал како ќе напаѓа луѓе, а вчерашниот напад го испланирал однапред.„Според исказите што ги даде осомничениот, тој си замислувал како ги напаѓа луѓето со нож, уште додека бил во основно училиште. Тој исто така рече дека извесно време го планирал нападот“, изјави Бернштајн.Според него, полицијата установила дека напаѓачот употребил нож. „Делови од сечилото се најдени во телото на една од жртвите и на местото на инцидентот, а дршката беше пронајдена во ранецот кој беше запленет кај осомничениот за време на апсењето“, реече полицискиот портпарол.
МакфаксСтудентот кој во обидот да изврши масовен колеж повреди 14 лица на тексашкиот колеџ и е обвинет за тежок напад, ќе бид

Пронајдете не на следниве мрежи: