Американски специјалец ќе сведочи дека бин Ладен употребувал материјали од WikiLeaks

Судијата дозволи да биде повикан на воен суд еден од командосите кои учествуваа во ликвидацијата на светскиот „терорист број еден“ Осама бин Ладен во мај 2011 година, за да докаже дека поранешниот челник на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда користел материјали кои на контроверзниот интерент ресурс WikiLeaks му ги доставил американскиот војник Бредли Менинг, пренесува Associated Press.Војникот Бредли Менинг е обвинет за нелегално давање на повеќе од 250 илјади доверливи документи на американскиот Стејт департментот, како и тајни материјали поврзани со војните во Авганистан и Ирак. Вкупно протв обвинетиот како информатор на контроверзниот портал се подигнати 22 обвиненија.Најсериозното од нив е обвинението за „помагање на непријателот“. Според обвинителите, оваа точка од обвинението ќе биде во голема мера оправдана со сведоштвото на еден од „фоките“ кој учествувал во ликвидацијата на Осама бин Ладен.Судијата Денис Линд, за време на прелиминарното сослушување изјавил дека владата мора да докаже дека доверливите податоци не само што биле предадени на непријателот, туку биле и искористени од него. Рочиштето ќе започне на 3-ти јуни во воената база Форт Мид во американската сојузна држава Мериленд.Обвинителството тврди дека командосот, кој ќе сведочи како анонимен сведок, ќе потврди дека од засолништето каде што беше убиен бин Ладен во Пакистан биле изнесени повеќе дигитални медиуми на кои имало датотеки во кои подоцна се пронајдени материјали од WkiLeaks. Како што смета обвинителството, овој факт докажува дека „терористот број еден“ активно барал пристап до материјалите кои Менинг му ги предал на располагање на WikiLeaks.Одбраната претходно изјави дека Менинг на WikiLeaks му доставил застарени информации, од кои најголем дел претходно ѝ бил познат на јавноста. Американскиот војник се соочува казна со доживотен затвор, откако обвинителството соопшти дека нема намера да бара смртната казна за Менинг.
МакфаксСудијата дозволи да биде повикан на воен суд еден од командосите кои учествуваа во ликвидацијата на светскиот „т

Пронајдете не на следниве мрежи: