Иран ја осуди Арапската Лига

Иран во средата ја осуди одлуката на Арапската лига којашто на самитот во катарската престолнина Доха и’ дозволи на сириската вооружена опозиција да го заземе местото на Сирија чиешто членство беше суспендирано, како и да им дозволи на своите членки да ги вооружуваат бунтовниците кои две години се обидуваат да го соборат од власт сирискиот претседател Башар ал-Асад.Катарскиот емир, шеикот Хамад бен Халифа ал-Тани го повика претседателот на Сириската национална коалиција, Ахмад Моаз ал-Катиб и привремениот премиер Ѓасан Хито на отворањето на самитот во вторникот во Доха да седнат до челниците на арапските муслимански држави, што беше поздравено со аплаузи.Ваквиот епилог беше очекуван, имајќи предвид дека Арапската лига ја исклучи Сирија од своето членство, а ја сочинуваат сунитските муслимански земји коишто ги поддржуваат сунитските мнозински бунтовници во Сирија кои по инерцијата од ткн Арапска пролет пред две години започнаа бунт со кој сакаат да го соборат од власта Башар ал-Асад претставник на малцинските алавити (шиити) кои со децении владеат имајќи ја поддршката на Друзите, христијаните и порано Курдите кои во двегодишниот конфликт заземаа неутрална позиција. Притоа, официјален Дамаск уште од март 2011 година ги обвинува соседните арапски и муслимански земји, во прв ред Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција, дека ги вооружуваат бунтовниците и испраќаат свои борци во Сирија.„Да се препушти местото на Сирија во Арапската лига на оние коишто ја немаат поддршката од народот претставува опасен модел за однесување во арапскиот свет и може да стане преседан за другите членки на Арапската лига во иднина“, изјави помошникот на иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Амир Абдулах за иранската агенција Isna.„ваквите постапки ќе доведат до крај на регионалната улога на оваа организација“, предупреди иранскиот функционер чијашто доминантно шиитска земја е стратешки партнер во регионот на Дамаск.
МакфаксИран во средата ја осуди одлуката на Арапската лига којашто на самитот во катарската престолнина Доха и’ дозволи

Пронајдете не на следниве мрежи: