Италијанските партии многу далеку од договор за влада

Составувањето на новата италијанска влада сѐ уште е далеку, а доколку не се надвладеат политичките разлики Италија веројатно се движи кон нови избори, соопшти висок функционер на паријата на десниот центар Народ на слободата (PdL) на поранешниот премиер Сивлио Берлускони.„Она што јас можам да го кажам е дека нашите ставови сѐ уше меѓусебно се многу оддалечени, и доколку останат далечни и во идните 48 часа ќе потврдиме дека единствен пат е враќањето на избори“, изјави за медиумите генералниот секретар на партијата Народ на слободата (PdL) Анџелино Алфани по разговорите со Пјерлуиџи Берсани, челникот на левиот центар која на изборите од крајот на февруари освои најмногу гласови, го има апсолутното мнозинство благодарејќи на „победничкиот бонус“ во долниот дом, но не и во горниот дом – Сенатот на италијанскиот парламент. Берсани оттаму е принуден да води мачни преговори со претставниците на другите партии за да добие поддршка за формирање влада.Берсани, челникот на левата Демократска партија долгогодишен ривал на Народ на слободата на Берлускони, досега ги отфрлаше сугестиите на десниот центар за формирање широка коалиција, Берсани во среда треба да ги заклучи разговорите со партиите а резултатите од консултациите на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано веројатно ќе му ги изнесе во четврток.Роберто Марони, лидерот на Северната лига којашто е во коалиција со Народот на слободата, изјави дека нема да прифати уште една технократска влада, како онаа на премиерот на заминување Марио Монти, а што исто така беше разгледувано како опција доколку Берсани не обезбеди доволна поддршка.
МакфаксСоставувањето на новата италијанска влада сѐ уште е далеку, а доколку не се надвладеат политичките разлики Италија вер

Пронајдете не на следниве мрежи: