Кина и Бразил постигнаа договор за трговија со сопствени пари

Членките на водечките економија во развој БРИКС Кина и Бразил во вторникот се договорија во иднина во билатералната трговија да ги применуваат своите валути, а постигнаа договор и за формирање на заедничка развојна банка.Договорот ќе ја покрива трговската размена меѓу Кина и Бразил, чија годишна вредност е 30 милијарди долари и е склучен на три години. Го потпишаа гувернерите на централните банки и министрите за финансии на двете економски сили во развој, пренесе Reuters.На самитот, кој започнува во вторник попладне, членките на БРИКС-Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската република, која е домаќин на самитот, ќе бидат изнесени поединости од договорот за воспоставување на развојна банка која би им парирала на западните институции.Министрите за финансии во последните часови пред почетокот на самитот настојуваат да ги надминат разликите во ставовите за воспоставување на заеднички заемодател кој би требало да биде насочен кон инфрастрктурата, со што во прашање би можела да биде дооведена седум децениската доминација на Светската банка.
МакфаксЧленките на водечките економија во развој БРИКС Кина и Бразил во вторникот се договорија во иднина во билатералната тр

Пронајдете не на следниве мрежи: