Русија обвинува дека западот сака истрагата во Сирија да ја искористи за промена на режимот

Русија во понеделникот соопшти дека западните земји извршиле притисок врз генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун да ја прошири истрагата за наводната употреба не хемиското оружје во Сирија и ги обвини дека се обидуваат истрагата да ја искористат за да го отстранат од власта сирискиот претседател Башар ал-Асад.Претставници на Обединетите нации минатата седмица соопштија дека ќе ги истражат наводите на сириските власти дека бунтовниците употребиле хемиско оружје на 19-ти март во ракетен напад во вторникот врз градот Кан ал-Асал кој го контролираат владините сили, недалеку од вториот по големина град во Сирија – Алепо, во кој загинаа 26 лица и околу стотина беа ранети и згрижени во локалната болница.Меѓутоа, западните земји бараа истрага по сите наводи за употребата на овој вид забрането оружје, односно и по обвинувањето на сириската опозиција.Минатиот четврток Франција и Велика Британија писмено се обратија до челникот на светската организација Бан Ки-Мун му свртија внимание на друг наводен напад со хемиско оружје во близина на сириската престолнина Дамакс, и еден во градот Хомс кој наводно се случил минатиот декември. Според сириската вооружена опозиција којашто ја ужива поддршката на западот и сунитските исламски земји, за трите наводни инцидента одговорни се силите на владата па претседателот Башар ал-Асад.Западните сили се надеваат дека доколку истрагата ги потврди тврдењата на бунтовнциите за употребата на хемиското оружје, тоа би претставувало уште еден удар врз претседателот Асад и привлекување на јавното мнение кон нивните настојувања тој да биде отстранет од власта.Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун во четвртокот изјави дека истрагата во почетокот ќе биде насочена на инцидентот кај Алепо, во кој бунтовниците и власта меѓусебно се обвинуваат за употребата на хемиското оружје.Руското министерство за надворешни работи, меѓутоа, во понеделникот соопшти дека Бан Ки-Мун им подлегнал на притисоците за проширување на истрагата.Руското министерство за надворешни работи во писмото до Советот за безбедност на ОН наведува дека „Бан Ки-Мун, под притисок на западните членки на Советот, неоправдано го проширил мандатон амисијата обидувајќи се како нејзина задача да ја одреди истрагата на сите други наводни случаи на употреба ба хемиско оружје во Сирија“. „Ние тој пристап го сметаме за контрапродуктивен“, се вели во писмената изјава на руската дипломатија и се додава дека не постојат никакви и малку веродостојни информации коишто би укажувале на каков и да е друг инцидент поврзан со употреба на хемиско оружје во Сирија.Русија, исто така, нагласи дека изборот на членовите на истражната група мора да биде „аполитичен и без предрасуди“ и додава оти верува дека во таа група мора да бида вклучени и руски и кинески експерти.„Објективноста на истрагата во врска со користењето хемиско оружје во Сирија на 19-ти март може да ја гарантира урамнотежена група меѓународни експерти. Во неа би требало да влезат претставници на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучувајќи ги и хемиските стручњаци од Русија и од Кина”, напиша во понеделникот заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов на својот профил на микроблогот Twitter.Рускиот амбасадорот при Обединетите нации, Виталиј Чуркин, во понеделникот ги повтори своите критики на сметка на Франција и Велика Британија велејќи дека нивниот повик за проширување на истрагата претставува обид за „одложување и можно пренасочување“ на истрагата на ОН.
МакфаксРусија во понеделникот соопшти дека западните земји извршиле притисок врз генералниот секретар на Обединетите нации, Б

Пронајдете не на следниве мрежи: