Едита на +40 со кожни чизми до колена, а само да видите колку и се проѕира тенкиот комбинезон

Убавата пејачка синоќа со публиката го прослави својот 28-ми роденден
Едита Арадиновиќ пееше синоќа, на 30 јуни, на белградски сплав, а настапот беше посебен бидејќи 28-от роденден на пејачката беше токму вчера.
Како што доликува, екипата од сплавот ја дочека со торта, а потоа започна лудата забава.
Добриот глас е неспорен кога станува збор за Едита, но и фактот дека апсолутно никој не можеше да го тргне погледот од она што го носи.
Имено, Едита носеше проѕирен комбинезон, под кој јасно се гледаше црниот градник и црни танга гаќички.
Сепак, сцената тоа го трпи, но она што не е јасно е како Едита успеа да издржи со часови на пеколната горештина во чизми до колена!
Ова се црни кожни чизми со висока платформа и висока, стабилна пета. Иако сè заедно изгледа убаво, Едита сигурно би се чувствувала многу подобро во некои сандали…
Погледнете ги фотографиите:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.