Ги држи сите рекорди! Цеца донела голема одлука, зборуваше за идните планови и откри нешто што ќе воодушеви многумина!

Концертот во Љубовија беше еден од поенергичните настапи на фолк sвездата
Цеца Ражнатовиќ истакна дека со задоволство го прекинала одморот на Кипар, со цел минатиот викенд да одржи концерт во Љубовија, каде што пееше пред 20.000 луѓе.
– Преку глава ми е од одмор. Бев на Кипар околу 15 дена, но со големо задоволство го прекинав одморот и се вратив на мојата работа – изјави Цеца.


– Иако не снимам албум, ќе организирам „Ушче 3“. Барем ќе направиме една одлична забава. Тоа е она што го сака мојата публика, ќе се забавуваме со или без нови песни. Само знам дека ќе нѐ има над 100 илјади, имам одлична публика и навистина работам со огромни капацитети, од 2002 година и Маракана. Статистиката покажува за кој број станува збор и зад кои бројки стои моето име. Ги држам сите рекорди, апсолутно насекаде. Никогаш немало ниту еден инцидент од толку големи размери – вели Светлана.
Концертот во Љубовија беше еден од поенергичните настапи на фолк sвездата, бидејќи таа е во топ форма.
– Кога ќе се ослободам од потпетиците, летам на сцената, мојата публика го знае тоа. Секој што го прави она што го сака, го остава срцето на работа – вели Ражнатовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.