Изгорениците се многу болни и може да ве спречуваат да ги да извршите основните активности, како што се движење, туширање, носење облека, спиење и сл. Најдобар начин да спречите изгореници од сонце е да избегнувате сончање во најтоплиот дел од денот и да користите крем за сончање. Сепак, ако се појават изгореници, природата може да ви помогне, а еве како.
Како да ги ублажите изгорениците од сонцето на природен начин?
Алое вера
Гелот од ова растение ги олеснува црвенилото и болката и го лади изгореното место. Покрај гелот, има и препарати со спреј што можат да ви помогнат кога изгорениците се болни на допир.
Кокосово масло
Мастите од ова масло ја штитат и ја омекнуваат кожата на која има изгореници. Исплакнете ја кожата каде што имате изгореници со ладна вода, а потоа нанесете кокосово масло што кожата постепено ќе го апсорбира.
Овесна каша
Овесната каша ја смирува иритацијата на болното место. Направете паста од овесна каша, мед и млеко и нанесете ја на изгорениците. Оставете да отстои додека не се стврдне и потоа исплакнете со ладна вода.
Домат
Доматот ги намалува иритацијата и болката. Нанесете парчиња на болното место или направете паста и оставете ја да стои додека не се стврдне. Потоа исплакнете со ладна вода.
Сода
Сода бикарбоната исто така ја намалува болката при изгореници од сонце. Направете паста од сода и млака вода и нанесете ја на болното место. Можете да додадете сода бикарбона во кадата кога се капете.
Хидратација
Кожата на која има изгореници е сува и затегната. Затоа е важно да пиете доволно течности и да консумирате храна богата со вода, како лубеница, краставица, грозје и портокали.