ТАЊА САВИЌ ПОВТОРНО ЗАЉУБЕНА?! По скандалот со нејзиниот поранешен сопруг, зборуваше за своето ново момче, ЈАХТИ, КОЊИ…

Тања Савиќ откри дали е заљубена.
Веќе извесно време, Тања Савиќ е во центарот на вниманието на сите медиуми поради борбата за старателство над нејзините синови, која неодамна успеа да ги донесе од Австралија во Србија.
Пејачката моментално е во Црна Гора, каде призна за медиумите дали има новина во нејзиниот љубовен живот, но и дали конечно ја купи јахтата за која зборуваше минатата година.
„Како што можете да видите, нема ништо од јахтата, ниту оваа година. Но, не работевме, сепак корона е, но ќе биде следната. Па, сакам кој не сака јахти. Обожавам коњи и јахти, било што“, рече таа и додаде:
„Не ми е проблем на мене. Сакам да јавам коњ и да се возам на јахта, било што, само за да стигнам до локацијата”, рече таа низ смеа.
Како што тврди, нејзиниот љубовен живот не е нејзин приоритет во моментов, ниту планира нешто на тоа поле.
„Каква црна љубов, бре. Нема ништо од тоа. Јас само куќа и работа како Екрем. Жими мајка, куќа, деца, работа и тоа е тоа. Јас навистина не излегувам повеќе”, заклучи Тања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.