Милица Павловиќ го прекина концертот, момче фрли шише кон дете, па му се обрати: „Можеш да се смееш до утре, не си важен“

Пејачката Милица Павловиќ синоќа одржа концерт во Мионица, но за време на истиот се случи инцидент, кога момче од публиката фрли шише полно со вода кон детето од првиот ред.
Милица Павловиќ поради тоа на кратко го прекина концеротот и пред сите се обрати кон споменатото момче.
– Тоа е наводно како „ин“, ти мислиш дека тоа е „ин“. Можеш да се смееш до утре, не си важен момче, смешен си – му кажа пејачката,
После тоа, Милица се огласи на Инстаграм.
– Благодарам Мионица! Бевте магични! На еден тинејџер кој со цела сила фрли шише полно со вода кон детето од првиот ред (гордо кревајќи ја раката кога го прекинав концертот за да му кажам неколку работи), можам само да кажам дека сакам од дното од срцето да научи добри манири, однесување и да биде (се надевам) дека еден ден џентлмен, а не дивјак – напиша пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.