Дали е здраво да се јаде чоколадо секој ден?

Нутриционистките Сузи Барел и Лин Вард тврдат дека може да јадете чоколадо секој ден, а да останете здрави и да слабеете. Стручњаците за исхрана велат дека треба да имате граница колку калории внесувате, но дека може да јадете барем 2-3 коцки чоколадо секој ден.
„Доколку ви се јаде нешто благо по вечерата, веројатно не сте толку гладни. Секогаш им кажуваме на клиентите дека едно парче чоколадо има ист вкус како десет. Затоа може да изедете помалку за да ја ублажите потребата за слатка храна“, вели Лин.
Треба да уживате во чоколадото на вистински начин, па затоа оставете го мобилниот за да не ви го одвлекува вниманието и да не изедете повеќе.
Најдобро е да изедете само еден ред бидејќи според нив, чоколадото во комбинација со вино е вистинско уживање и храна за душата.
Тие порачуваат дека ќе ви треба некое време за да се навикнете да јадете чоколадо во помали количини, но дека подоцна ќе се уверите дека така е подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.