Индустријата на сурогат мајчинство на Индија и носи 2 милјарди долари

Комерцијалното изнајмување на матката претставува индустрија во полна експанзија во Индија со приход од две милијарди американски долари годишно, а купувачи се странски двојки без деца кои сакаат по пристапна цена и легално да добијат потомство пишува во понеделникот порталот France 24.Индиската влада со години го промовира ткн здравствениот туризам бидејќи операциите и постоперативните зафати во оваа земја чинат далеку помалку отколку во западните земји и претставуваат значаен извор на приходи за земјата чиешто население надмина милијарда жители, меѓутоа изнајмувањето на матката на богатите странци кои им плаќаат на Индијките да за нив родат дете поставува низа етички прашања.Конфедерацијата на индиската индустрија ја проценува заработката на индустријата на сурогат-мајки на повеќе од две милијарди американски долари.За да ги стивнат критиките, индиските власти од неодамна ја регулираа оваа активност и им забрани на истополовите двојки и на самците да побараат услуга од сурогат мајка, што, пак, здруженијата за човекови права го нарекоа дискриминација.Во репортажата од клиниката „Surrogacy Centre India“ во престолнината Њу Делхи, France 24 ја претставува приказната на 31-годишната Индија, Сеите Тхапе, која минатата година родила дете за хомосексуална двојка зачнато со дониран јајчник од некоја друга жена.Оваа клиника во Њу Делхи е една од повеќе десетиците специјализирани установи во Индија.Тхапа бременоста ја минала во изнајмени простори на клиниката заедно со повеќе од сто други сурогат-мајки. Одбива да каже колку заработила, меѓутоа од извори од клиниката се дознава дека сурогат-мајката прима околу шест илјади долари од вкупно 28 илјади американски долари колку што плаќаат двојките за целокупната постапка.Сурогат-мајките минуваат и низ за нив специјално дизајниран психолошки тест, вели Сеита Тхапа, која признава дека по породувањето го свртела погледот и не го видела новороденото дете. Во нејзината свест има силен мотив; матката ја изнајмила за доброто на своите деца, бидејќи заработените пари ги депонирала во банка за нивната иднина. Верува, исто така, дека сторила добро дело и за двојката на којашто и’ подарила потомок.Клиниката „Surrogacy Centre India“ во Њу Делхи дејствува од 2008 година, а минатата 2012 година во неа се роден и 291 деца од сурогат-мајки. Тие деца денес живеат во 15 различни земји, а меѓу нив се Канада, Австралија, Јапонија, Норвешка и Бразил.Кандидатките а изнајмување на матката мораат да имаат сопствени деца, наведува лекар од клиниката и ги отфрла критиките на оние коишто се залагаат за забрана на сурогат родителството, а самите никогаш не се сретнале со партнери кои сонуваат да имаа свое дете.Четириесетгодишната Бразилка која се претставила како Марсиа минала неколку безуспешни обиди на потпомогнато зачнување, како и дека таа и нејзиниот сопруг одлучиле да побараат сурогат мајка во која ќе биде вграден нивниот IVF ембрион. Доколку не успее постапката, Марсиа е подготвена да се обиде со „дониран јајчник“.Индијката Мамта Шарма, 29-годишна веќе мајка на четири деца од најсиромашната сојузна индиска држава Урат Прадеш, двапати била сурогат-мајка и тоа го објаснува со тоа дека „се се промени во мојот живот, откако добив пари“, коишто ги вложила во нова куќа.
МакфаксКомерцијалното изнајмување на матката претставува индустрија во полна експанзија во Индија со приход од две мили

Пронајдете не на следниве мрежи: