Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара повлекување на специјалните американски сили од покраината Вардак, откако таму се формирале илегални вооружени групи, чии припадници поттикнуваат несигурност во регионот, соопшти неговиот портпарол.Населението на регионот Мајдан Вардак, сместен на југозападно од главниот град Кабул во централниот дел, последните седмици се опоравуваат од талибанските напади.„Претседателот Карзаи на министерот за одбрана му нареди во претстојните две седмици да обезбеди заминување на специјалните американски единици од покраината Вардак“, изјави на прес-конференцијата во Кабул Аимал Фаизи, портпаролот на авганистанскиот претседател.„Специјалните американски сили и илегалните вооружени групи во регионот создаваат чувство на несигурност, носат нестабилност и го вознемируваат населението на таа покраина“, додал Фаизи, пренесува авганистанската новинска агенција Pajhwok (PAN).На американските војници и на вооружените нелегални групации особено им се префрла за апсењата и претресите на куќите, рекол авганистанскиот портпарол. Претседателот Карзаи одлуката ја донел откако била потврдена истрагата којашто следеше откако жителите на покраината се жалеле на однесувањето на воените единици.Портпаролот на авганистанскиот претседател потврдил дека Националниот совет за безбедност (NSC) им дал на американските специјални сили две седмици да ја напуштат покраината, поради поплаките на многу Авганистанци за тортура.Истражувањето на поплаките вршено од страна на министерството за одбрана, исто така, ја утврдило вмешаноста на американските сили и на авганистански граѓани кои работат со нив во малтретирањето на населението, според портпаролот на авганистанскиот претседател.„Добивме многу жалби од (племенските) старешини од покраината Мајдан Вардак со евиденција која на претседателот Хамид Карзаи му дава докази дела силите ги напаѓаат куќите на населението, вршат тортура и убиваат притвореници“, рекол Фаизи цитирајќи ги локалните претставници и жители кои тврдат дека девет лица се водат како исчезнати откако биле уапсени од страна на американските специјални сили.Фаизи, исто така, го цитирал гувернерот на провинцијата кој вели дека студент неодамна бил уапсен од страна на Американците и однесен од неговиот дом во Мајдан Вардак. Подоцна, неговото обезглавено тело, на кое биле забележливи траги од измачување, било пронајдено фрлено во речното корито во областа.Како одговор на зголемениот број поплаки од населението, Националниот совет за безбедност му наредило на авганистанското министерство за одбрана да ги сподели поплаките со американските специјални сили и да бара нивна соработка, како и појаснување во врска со овие случаи. „Кога биле контактирани за појаснување, американските сили признале дека Авганистанци работеле со нив“, вели портпаролот на претседателот Карзаи.Меѓутоа, американските специјални сили подоцна изјавиле дека Авганистанците кои работат со нив избегале, како што рекол Фаизи, кој додал дека поради таа причина Советот му наложил на министерството за одбрана да ги протера американските сили од покраината во рок од две седмици.Авганистанските безбедносни сили во покраината добиле инструкции да ги уапсат лицата вклучени во тортурата на локалните жители и пребарувањата на нивните домови, рекол портпаролот, додавајќи дека американските специјални сили исто така биле активни и во покраините Кунар, Кандахар, Кост и некои други провинции. Тие работеле надвор од контролата на авганистанската влада, заклучил Фаизи.Запрашан за коментар, заменик портпаролот на мисијата ИСАФ изјавил дека овие наводи се сериозни и дека тие не можеле да ги утврдат фактите што се наведуваат.„Во текот на изминатите неколку седмици имаше разни обвинувања на сметка на коалициските сили, вклучувајќи и за непрофесионално однесување во Мајдан Вардак“, рекол портпаролот Џејми Грејбил.Но, според него, со деталниот преглед по наводите, во соработка со авганистанските власти, било потврдено дека коалициските сили не биле вклучени во случаите на наводните тортури.
МакфаксАвганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара повлекување на специјалните американски сили од покраината Вардак, отк